Насловна / Вести / Загадени води во близина на Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро

Загадени води во близина на Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро

Водечкиот бразилски биолог Москатели, кој со години се бори со загадувањето на водите, побара од привременииот претседател на Бразил да одобри вонредни финансиски средства за чистење на две лагуни околу Олимпискиот парк, од слоеви на талози од градската канализација. Пред неколку години, издвоени се 184 милиони долари за проект за чистење на морското дно од фекалии, но парите на крајот се задржани и реализацијата на проектот никогаш не започнува.rio zagadeni vodi_1 Москатели, кој е најголем бразилски активист за чистење на водите во Рио, во неколку наврати има изјавено дека загадувањето во најголем дел потекнува од фекалии од канализацијата, а тоа би го објаснил на состанок со в.д. претседателот кој не би траел подолго од 10 минути. „Доколку чистењето не започне пред Олимпијадата, бидете сигурни дека никогаш нема да започне“, вели Москатели.Mario Moscatelli

Загадувањето на водите е „најжешкото“ прашање пред Олимписките игри кои ќе се одржат од 5 до 21 август. Големото чистење е најавено како еден од главните проекти кои би биле трајно наследство од Игрите, бидејќи студиите покажале дека олимписките веслачи би се натпреварувале во води полни со опасни бактерии и вируси. Градските власти на Рио, неодамна ја обвинија централната власт за неуспехот во реализацијата на овој проект, оценувајќи го тој факт како „национален срам“.

Поради високата концентрација на канализационен отпад во водите на двете лагуни, се шири непријатен мирис и штетни испарувања по човековото здравје, а истите ќе бидат сериозно поттикнати од ветерот и брановите особено карактеристични за Рио во месец август, подвлекува Москатели.

Испрати коментар

Scroll To Top