Насловна / Екологија / Забрана за крузери во Венеција

Забрана за крузери во Венеција

Cruise ships in VeniceОд следната година, големите крузери со повеќе од 96 илјади тони веќе нема да смеат да впловуваат директно до плоштадот Св. Марко. Но, пристаништето не може во целост да се откаже од лукративните придобивки, а градот не сака да се откаже од овој вид туристи. Венеција живее од своите гости. Дневно тука доаѓаат 100 илјади, па и повеќе гости. Без тие бродови, пристаништето би загубило околу 40 проценти од приходот, а тие се важни и за регионот. Затоа големите бродови, иако ограничено, ќе смеат и натаму да пловат крај плоштадот Св. Марко. Наскоро треба да се утврди алтернативна рута за следната година – прифатлив компромис за жителите на Венеција, за пристаништето и за бродските компании.

Испрати коментар

Scroll To Top