Насловна / Вести / За неколку месеци мостот „Слобода“ со нова ограда

За неколку месеци мостот „Слобода“ со нова ограда

most sloboda so nova ograda
Во текот на летните месеци ќе започне монтажата на оградата на мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“, информира градоначалникот Kоце Трајановски на последната седница на Советот на Скопје, запрашан од опозицијата до каде е реализацијата на овој проект и зошто досега ништо не е почнато, иако договорот беше склучен лани.

Скопскиот градоначалник рече дека таа не е изработена целосно и поради тоа не е поставен ниту еден дел од неа. Kако што посочи, градската власт не сака парцијални изведби, па затоа и решиле да почекаат.

Леењето на канделабрите и на оградата се изведува во РЖ „Институти“ од Скопје и во белградската леарница „Јеремиќ“, а финансиер е Градот, кој издвои 1,1 милион евра. Дополнителни средства се издвоија и за санација на инфраструктурата на мостот, како и за ново осветление.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top