Насловна / Вести / За четири месеци собрани над 10 тони стакло од кафулињата

За четири месеци собрани над 10 тони стакло од кафулињата

staklo pakomak

Над 10 тони стакло се собрани во првите четири месеци во акцијата за селективно фрлање отпад во угостителството на компанијата „Пакомак“ и скопските кафулиња и ресторани.

Акцијата почна минатата година со околу 15 кафулиња и ресторани во Скопје. Во секое од нив „Пакомак“ постави три различни корпи со ознаки за стакло, пластика и хартија, за селекција на отпадот.

„Преку акцијата, сакаме да ја зголемиме свесноста кај луѓето, да создадеме здрави еколошки навики и поубава средина за живеење за сите нас. Се надеваме дека оваа акција ќе биде што помасовна и резултатите ќе бидат успешни, за да имаме едно почисто и поубаво Скопје. Очекуваме акцијата брзо да се прошири и низ другите градови“, изјави директорот на „Пакомак“, Филип Ивановски.

Испрати коментар

Scroll To Top