Насловна / Архитектура / WXCA со прва награда на меѓународниот конкурс за проект на музеј во Полска

WXCA со прва награда на меѓународниот конкурс за проект на музеј во Полска

Полската архитектонска фирма WXCA е автор на победничкиот проект за музејот  Książąt Lubomirskich  во Вроцлав, Полска. Над 100 проектни решенија од сите краишта на светот  учествувале на овој конкурс.

Победничкото решение се истакнува според хомогениот баланс помеѓу модерниот дизајн и класиката. Масивните ѕидови на објектот се изведени од камени блокови сложени во класична композиција. Прозорците генерираат ритмична композиција на фасадата, и придонесуваат за неправилна но сепак хармонична целина. Модерниот дух на објектот е резултат на комплексните детали во самата конструкција. Оваа мешавина на традиционално со модерно е јасна рефлексија на културниот идентитет – континуитет и доследност во уметноста и архитектурата.

WXCA

WXCA1

WXCA2

WXCA3

WXCA4

WXCA6

Испрати коментар

Scroll To Top