Насловна / Арт и дизајн / Вуди Ален добива музеј во Барселона

Вуди Ален добива музеј во Барселона

muzej na vudi alen

Во Барселона ќе се отвори музеј посветен на ликот и делото на американскиот филмски режисер Вуди Ален.vudi alen zgrada

Режисерот на филмот „Вики Кристина Барселона“, Вуди Ален, ќе добие свој музеј во истоимениот град, во кој Ален ја сместил приказната на споменатиот филм во кој ги следевме „сплетките“ на „љубовниот четириаголник“ со Пенелопе Круз, Скарлет Јохансон, Ребека Хол и Хавиер Бардем.muzej na vudi alen (2)

Шпанскиот лист кој излегува на англиски јазик The Local откриле дека отворањето на музејот во чест на Вуди Ален, ќе биде спонзориран од страна на „Медиапро“, компанија која продуцирала бројни филмови на Ален вклучувајќи ги и „Вики Кристина Барселона“, „Полноќ во Париз“ (2011), „На Рим со љубов “ (2012).muzej na vudi alen vudi alen muzej

Зградата што е предложена како место на музејот се вика La Llotja, и е објект од 17 век кој опфаќа повеќе од 2.000 метри квадратни на три ката. Во музејот ќе бидат сместени голем број на клучни факти и предмети од филмската кариера на Вуди Ален.

Испрати коментар

Scroll To Top