Насловна / Архитектура / Врска помеѓу архитектурата и околниот пејзаж

Врска помеѓу архитектурата и околниот пејзаж

Stone House претставува врска помеѓу современата архитектура и околниот природен пејзаж.
При проектирањето на куќата со површина од 450 квадратни метри, сместена на северниот брег на шпанскиот остров Менорка, бирото Nomo Studio се базира на примена на локален камен со кој е обложен поголем дел од фасадата.

1
Применетата техника на градење варовнички ѕидови е мошне стара и многу ефектна и токму таа овозможила воспоставување на силен континуитет помеѓу ентериерот и екстериерот.

2
Доминантниот ефект на куќата е тремот, кој функционира како топлотен тампон на објектот, но и како проширување на внатрешниот простор. Наткриениот трем е со површина од 100 квадратни метри и на него може да се излезе од кујната и трпезаријата или преку дневната соба, пишува Domus.

3

11
Stone House е организирана на две нивоа, а речиси сите простории на куќата имаат свои надворешни проширувања за да се обезбеди врска со опкружувањето.

6

7
На катот се сместени шест спални соби организирани околу ходник со дупла катна висина, исто така и тие имаат излез на терасите на катот на куќата.

14 15
Ентериерот е обликуван со светли тонови и природни материјали, дизајнот е минималистички, а воедно и медитерански топол.

4

8
Примена на бели, малтерисани сегменти на фасадата исто така е инспирација од традиционалната архитектура, благодарение на тие сегменти прозорците и вратите делуваат уште поистакнато.

9

10

13

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top