Насловна / Вести / Времен сообраќаен режим на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Времен сообраќаен режим на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“

gologanov

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во сабота поради изведување на градежни активности, на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставен режим.

Времен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на булеварот, на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улица „Московска“.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

Испрати коментар

Scroll To Top