Насловна / Арт и дизајн / Враќање на легендарниот автобус од филмот „Кој тоа таму пее“

Враќање на легендарниот автобус од филмот „Кој тоа таму пее“

koj toa tamu pee (4)

Реставрација на автобусот од култниот филм „Кој тоа таму пее“ почна во просториите на Јадран филм во Загреб, а по темелната реконструкција и враќање на автобусот во состојба каква што беше за време на снимањето во 1980 година, се планира турнеја по државите на поранешна Југославија.

koj toa tamu pee

Претседателот на Управниот одбор на Јадран филм, Винка Грубишиќ, координатор на проектот за обнова на автобусот Мерцедес од 40-тите години на минатиот век, истакна дека постои голем интерес во јавноста, а инвеститорите се заинтересирани за реконструкција, изнајмување и турнеја.koj toa tamu pee

– Направивме план за реконструкција и планираме да го ставиме на тркала за да се вози за турнеи по земјите од регионот. Целото име на тој проект не можеме да го откриеме, но насловот му почнува со „Кој нас…“ – истакна Грубишиќ, наведувајќи дека турнејата би можела да почне по завршувањето на летните одмори.koj toa tamu pee (3)

Во тој проект ќе учествуваат големи имиња од Хрватска и соседните земји, кои засега не се откриваат.koj toa tamu pee (2)

Филмот „Кој тоа таму пее“ е апсурдна комедија од 1980 година во режија на Слободан Шијан. Тоа е повеќеслојна приказна за трагикомични непријатности на патниците во дотраениот автобус што во почетокот на војната во 1941 година од српска провинција вози кон Белград, но и скриена алегорија за малограѓанското лицемерие во моменти на социјална криза. Во „Кој тоа таму пее“ глумеа актерите Павле Вуисиќ, Данило Бата Стојковиќ, Драган Николиќ, Неда Арнериќ, и со текот на времето стекна култна репутација и денес се смета за еден од најдобрите српски, но и филмови од поранешна Југославија.

Испрати коментар

Scroll To Top