Насловна / Вести / Во завршна фаза новиот мост на реката Драгор во Битола

Во завршна фаза новиот мост на реката Драгор во Битола

Во завршна фаза се активностите за целосна изградба на мост на местото по течението на реката Драгор каде што пред многу децении истиот постоел и бил од големо значење за жителите на овој дел од градот.most na reka dragor vo bitola_2

После голема поплава во 1958 мостот бил урнат, но по барање на локалното население од двете урбани заедници, Даме Груев и Елпида Караманди, повторно ќе се олесни комуникацијата од двете страни на реката. Мостот на уште едно место ќе ги поврзува населбата Јени Маале и населбите Карпош и Кланица.most na reka dragor vo bitola_3

Иницијативата произлезе од жителите на двете урбани заедници, а истата доби голема поддршка од градоначалникот, но и од донатори: „Овој проект кој е во фаза на реализација беше по барање на двете урбани заедници. Направивме еден проект и покрај што издвоивме средства од Буџетот на општина Битола, овојпат имаме и донатори, кои што се јавија и сакаа да помогнат во дел од проектите. Ние им понудивме повеќе проекти, а овој дел е помогнат со милион денари од донатори. Мостот е во завршна фаза, а истиот ќе биде голема придобивка за граѓаните од двете страни на реката. Исто така, и на едната и на другата страна завршивме и доста други проекти кои се нивно барање“, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Со изградбата на овој мост, реализирани се 90 % од програмата за реконструкција на мостовите на реката Драгор.

Испрати коментар

Scroll To Top