Насловна / Градежништво / Во Заблаќе крај Шибеник никнува нов град – инвестиција од 1,5 милијарди евра

Во Заблаќе крај Шибеник никнува нов град – инвестиција од 1,5 милијарди евра

zablace-sibenik1
Швајцарскиот инвеститор TFI Holding се одлучи да вложи повеќе од 1,5 милијарди евра во проект близу Шибеник, што ќе ја измени сликата за хрватскиот туризам, но и ќе упати порака за потенцијални инвеститори дека се исплаќа да се вложува во тој дел од светот, објави ХТВ.

Седум години и 60 милиони евра биле потребни за да се купи земјиштето во Заблаќе, покрај Шибеник, за изградба на нова градска населба. Швајцарците се подготвени за почеток на работите штом биде завршен ДУП, што се очекува до крајот на годината.

Новиот град за 2.500 жители ќе ги има сите потребни содржини – од хотели од висока The supplemental affordablehealth.info you choose should be based on your specific medical needs. категорија, вили, пристаниште, амбуланти и градинки, а се во согласност со највисоки еколошки и просторни стандарди.

Сите досегашни администрации на Шибеник дале поддршка за проектот.

Претставникот на швајцарската компанија, Жан Пол Улдри, смета дека на тој начин ќе ја продолжи туристичката сезона во Шибеник на речиси цела година и со тоа би дал целосно нов импулс на туризмот во Хрватска, наведува ХТВ.

Испрати коментар

Scroll To Top