Насловна / Архитектура / Во Ванкувер ќе се гради најголемата пасивна зграда

Во Ванкувер ќе се гради најголемата пасивна зграда

Канадската компанија Henson Developments ја објави изградбата на најголемата пасивна кула во светот што ќе се гради во Ванкувер. 60-катниот солитер е насочен кон сертификација на Пасивна куќа, меѓутоа, дизајнерите и инвеститорот отидоа чекор понапред, па овој објект се гради според построги критериуми од од оние што ги бара споменатиот стандард.

pasivna

Според Vancouver Courier, Том Рајт од WKK Architects е автор на кулата, додека IBI Групацијата со седиште во Ванкувер го потпишува целиот проект. Првичните рандери покажуваат брановидна структура со големи јавни места во централниот дел на кулата долж катовите. Со својата локација во Западниот крај, оваа зграда ќе биде и една од највисоките кули во соседството.

Сертификатот Passive House е меѓународен стандард за енергетска ефикасност што има за цел да изгради добро изолирани и вентилирани згради за да троши помалку енергија.

Градските власти разгледуваат апликација за изградба на оваа зграда, по што проектот ќе излезе во јавноста. Ако се оди добро, оваа зграда би можела да ја украси панорамата на Ванкувер уште во 2022 година.

Испрати коментар

Scroll To Top