Насловна / Арт и дизајн / Дигитална чинија која го менува изгледот (видео)

Дигитална чинија која го менува изгледот (видео)

„Eatense Customizable Smart Plate” е паметна чинија и нејзиниот дизајн може да се менува. Опремена е со динамичен дигитален екран и наменета е за сервирање храна.

6
Паметната чинија доаѓа со апликација за iOS и Android од кои преку bluetooth или wi-fi, можат да се превземат многубројни фотографии или анимации со кои може да се декорира површината на чинијата. Eatense апликацијата во момент може да се промени или прилагоди на изборот на храна или декорацијата на масата.

3

7

4
Екранот е креиран да биде отпорен на топлина и вода, па така е погоден за сервирање на разни видови храна. Плочите се херметички затворени и чинијата може безбедно да се мие како сите останати садови. Површината е обложена со заштита која го спречува оштетувањето кое настанува при употреба на есцајг.

2 5
Тежината на чинијата изнесува 600 грама, а батеријата од 3000mAh овозможува користење до четири часа.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top