Насловна / Вести / Во Скопје се одбележуваат „Денови на пролетта – Денови на екологијата 2015″

Во Скопје се одбележуваат „Денови на пролетта – Денови на екологијата 2015″

den na proletta 2015

Преку низа активности за заштита на животната средина, денеска во Скопје започна одбележувањето на манифестацијата „Денови на пролетта – Денови на екологијата 2015″

Во паркот на природата „Гази Баба“ се одржаа едукативни предавања за заштита на бувот, како и акција за садење дрвца, каде присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, членови на Советот на Град Скопје и претставници од Општина Чаир.

„Тука, во паркот на природата Гази Баба учениците од СУГС ‘Панче Арсовски’ и од СУГС ‘Цветан Димов’ ќе засадат околу 100 листопадни и зимзелени дрвја“ рече Трајановски.

Здружението за заштита на бувовите МОТ, децата од градинката, родителите, претставници од општина Гази Баба и градот Скопје во изминатиот период изработија преубави куќарки за бувовите, кои ќе бидат поставени на одредени места на дрвјата во Парк шумата Гази Баба, а со тоа се надеваме дека ќе се придонесе за заштита на овој редок вид на птици.

Акција за садење на дрвја се одржа и на Средно Водно, кај почетната станица на жичницата, каде што Градот Скопје во соработка со Друштвото за управување со пакувања и отпад од пакувања „ПАКОМАК“ засадија 60 дрвја, а се поставуваат и табли со еко пораки и историски податоци за Скопје по должината на планинарските патеки на Парк шумата „Водно“.

Испрати коментар

Scroll To Top