Насловна / Вести / Во пресрет на 22 март – светскиот ден на водите, потрошувачката на вода во земјава и натаму нерационална

Во пресрет на 22 март – светскиот ден на водите, потрошувачката на вода во земјава и натаму нерационална

Samuel Zbogar

Со помошта на ЕУ, која во Македонија се обезбедува преку три проекти кои заемно се надополнуваат и поддржуваат, се воспоставува нов систем за економска регулација и утврдување на тарифи и цени за водни услуги. Голем број комунални претпријатија (29) се поддржани во нивните повеќегодишни планирања на работењето и приспособување на тарифите, организациското и финансиското преструктурирање и подобрено обезбедување на водните услуги. Се продолжува со изготвувањето на Националната студија за води и Планот за инвестиции, со цел да се помогне на земјата да ги постигне европските стандарди за вода. Една од главните цели е да се заштити животната средина од негативното влијание на урбаните отпадни води и да се обезбеди безбедна вода за пиење за сите граѓани, по достапна цена. Загубите и истекувањата на еден начин или друг (неприходувана вода) изнесуваат повеќе од 60% од водата што се користи од комуналните услуги. Ова е висока вредност (30% е разумна ЕУ одредница). Дополнително, 7 од 17 анализирани јавни комунални претпријатија (ЈКП) во Проектот за реформи во секторот за води на централно ниво не ги мерат редовно и стандардизирано загубите на вода. Само едно ЈКП има неприходувана вода под 30%, 4 ЈКП меѓу 31 – 50% и дополнителни 4 ЈКП меѓу 51 – 70%. Речиси ниту едно од 17-те анализирани ЈКП целосно не ги надоместуваат трошоците за обезбедување на водните услуги. Неприходуваната вода на дополнителни 12 пилот ЈКП од Проектот за реформа во секторот за води на локално ниво варира меѓу 45 – 81%.

Извор: ЕУ (публикација ЕУ за ТЕБЕ)

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top