Насловна / Вести / Во Охрид ќе се гради Конгресен центар

Во Охрид ќе се гради Конгресен центар

Со пари од државното акционерско друштво ЕЛЕМ, во Охрид ќе гради Конгресен центар на исклучително атрактивното северно крајбрежје, кое со децении скапува запуштено. Елитниот конгресен центар ќе ја збогати туристичката понуда на Охрид, а од друга страна урбанизацијата на оваа крајезерска локација ќе му даде нов лик и ќе го заживее овој дел од градот кај населбата Даљан.конгресен центар охрид

Иницијатативата за изградба на Конгресен центар кој ќе се прави на државно земјиште,а е актуелна години наназад, ќе биде еден од најзначајните капитални објекти во градот – изјави Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид.

– Охрид е познат по организација на конгреси, меѓутоа се работи за конгреси, семинари или манифестации од помал обем колку што имаат капацитет постоечките охридски хотели и сали. Но за сериозно организарање на големи конгреси и активности ни треба конгресен центар – смета Бакрачески.

Конгресниот центар кој во целост ќе одговори на потребите и ќе овозможи развој на конгресниот туризам, ќе има една голема сала и главна арена со капацитет од 1500 до 2000 седишта и 4 до 6 помали сали со капацитет од 200 седишта.
Урбанистичко планската документација е веќе во завршна фаза а објектот треба да почне да се гради во првата половина од 2017 година.

Испрати коментар

Scroll To Top