Насловна / Вести / Во Нагасаки одбележани 71 година од атомската бомба

Во Нагасаки одбележани 71 година од атомската бомба

Во јапонскиот град Нагасаки  денеска се одбележани 71 година од уништувањето на градот од атомската бомба што ја фрлија Американците во Втората светска војна.nagasaki 71 bomb

Неколку илјади луѓе, меѓу кои и преживеани и роднини на жртвите, присуствуваа на одбележувањето со минута молчење точно во 11.02 часот, времето кога на денешен ден пред 71 година паднала атомската бомба.

Во експлозијата на бомбата загинале околу 74.000 луѓе, а илјадници други починале во наредните месеци и години, како последица на радијацијата.

Атомската бомба на Нагасаки е фрлена три дена откако американските сили по првпат во историјата фрлиле таква бомба и тоа на јапонскиот град Хирошима, при што загинале вкупно 140.000 луѓе.nagasaki-atomic-bomb-1945

Градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе пофално се изрази за посетата на американскиот претседател Барак Обама пред неколку месеци, што беше прва посета на претседател на САД во градот.

„Познавањето на фактите е основа за почеток на размислувањата за иднина без нуклеарно оружје“, рекол Тауе и ги повикал и другите светски лидери да го посетат неговиот град.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе во говорот во Нагасаки ги повика светските лидери да го почитуваат глобалниот Договор за неширење на нуклеарното оружје.

„Не смееме да дозволиме реприза на ужасните настани од Хирошима и Нагасаки, што се случија пред 71 година“, рекол Абе.

Испрати коментар

Scroll To Top