
Во Москва претпладнево запали стадионот Лужники. Оваа информација е потврдена и од претставниците на Главната управа при министерството за вонредни состојби за Москва.Сведоци сооштуваат дека над спортската арена се креваат црни облаци од чад.

Инаку, на стадионот во тек е голема реконструкција, која треба да заврши наредната година. На овој стадион се планира и отворањето на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Русија во 2018 година.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија