Насловна / Арт и дизајн / Во Мала станица изложба „Аленка Герлович – Македонија 1953-1957“

Во Мала станица изложба „Аленка Герлович – Македонија 1953-1957“

По повод стогодишнина од раѓањето на Аленка Герлович (1919—2010) на 1 април 2019 во 18 часот во Национална галерија, Мала станица ќе се отвори изложбата „AЛЕНКА ГЕРЛОВИЧ – МАКЕДОНИЈА 1953–1957“

Alenka Gerlovic
„Покрај Треска се белееше ред тополи со сребрено-бели стебла на вечерното сонце. До нив мирно стоеше бел коњ. Долго го цртав. Беше неподвижен на вечерното сонце. Белината на девојченцето на прозорецот, на жените во Кучевиште, на тополите и на белиот коњ, тоа е истиот дел на Македонија. Тоа е нешто чисто и поетично, без егзотика…“ – Аленка Герлович
Со тематската изложба на Аленка Герлович ќе се претстават избрани дела што сликарката ги создала помеѓу годините 1953 и 1957 во Скопје, а пред сѐ во Охрид и Струга. Помеѓу нив се многу мотиви на фигури на жени во носии, мажи и деца од македонските села и циганските четврти. Чести се мотивите на животни што ги цртала на панаѓурите за животни и на пазарите, а ја влечел и македонскиот пејзаж што секогаш одново и одново го претставувала на цртеж.
Изложбата од збирката на депото на Посавскиот музеј во Брежице претставува мал дел од донацијата на Аленка Герлович, врзана за цртежите што како љубопитна патничка, истражувачка и уметничка ги бележела по цела Македонија. Во својата книга „Деланки од мојот живот“ сликарката Аленка Герлович запишала дека ликовните посети во Македонија каде што во шеесетите години ги поминала сите лета бил обиколница во нејзиниот развој како пејзажна сликарка. За нејзината подоцнежна работа било поважно доживувањето на монументалноста и голотијата на македонската покраина. Меѓутоа, тогаш ја привлекло богатството од мотиви на фигури, затоа по цели денови цртала луѓе и животни на „пазарите“, по селата и во „циганските маала“.

Alenka Gerlovic 1
Изложбата ќе ја претстави Ожи Лорбер, кустос во музејот, Посавски музеј Брежице
Поздравни говори:
Проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Р. Северна Македонија
Иван Молан, градоначалник на Општина Брежице
Истата ќе биде поставена во Мала станица до 15 април 2019

Испрати коментар

Scroll To Top