Насловна / Екологија / Во Лондон ќе се гради „еко-облакодер“

Во Лондон ќе се гради „еко-облакодер“

Organic Skyscraper: a building that 'grows' designed for London, Britain - Jul 2014
Француското архитектонско студио Шартије – Корбасон, во соработка со британското студио ВС, го претстави проектот за изградба на облакодер од отпад. Првиот „еколошки“ облакодер ќе се појави во Лондон, и во целина ќе биде обложен со плочи од рециклирана хартија и пластичен отпад. Облакодерот би „растел“ со текот на времето, во зависност од тоа колку отпад ќе генерираат неговите идни станари, а архитектите очекуваат фасадата да биде готова за една година. Со изградбата на ваков облакодер би се намалила количината на отпад, како и трошоците за изградба.

На покривот од облакодерот би се поставил погон за рециклирање, додека во приземјето ќе се обезбеди простор за собирање на различни материјали како на пример: стакло, пластика или хартија.

Кога еднаш ќе биде завршен, облакодерот би требало да има изглед на висока пирамида исполнета со проѕирни панели од рециклирано стакло и пластика, со цел да се овозможи максимално искористување на природната светлина. Во конструкцијата на овој облакодер предвидени се и мини ветерни централи.

Испрати коментар

Scroll To Top