Насловна / Вести / Во Косово започна со работа фабрика за фотоволтаични панели

Во Косово започна со работа фабрика за фотоволтаични панели

Fabrika za soncevi paneli vo Kosovo

Во Слатина, недалеку од Приштина, во понеделникот е пуштена во работа фабрика за производство на фотоволтаични панели. Со капацитет за производство од 200.000 парчиња годишно, се работи за најголема фабрика од овој вид во регионот. Фабриката  “Jaha energy solar  company”  е германско – косовска инвестиција вредна 5 милиони евра која вработува 50 работници. Компанијата нуди фотоволтаици погодни за секакво климатско подрачје, компоненти за фотоволтаични централи, како и системи за напојување и складирање на електричната енергија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top