
Мостот на височина од 565 метри, кој се издига над клисурата во југозападна Кина и за кој кинеските медиуми истакнуваат дека е највисок на светот, во петокот беше официјално отворен за сообраќај. Мостот Бјепанџанг има должина од 1,34 километри и ги спојува градот Сјуанвеј во провинцијата Јунан и округот Шуиценг во покраината Гуејџоу.
Времето на патување меѓу овие две места сега се скратува од досегашните четири часа на само еден час.

Изградбата на мостот траела три години и чини околу 140 милиони долари.

Еве и кратко видео:
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија