Насловна / Вести / Во Кина е отворен парк кој функционира со само една ветерница

Во Кина е отворен парк кој функционира со само една ветерница

Во срцето на деловна зона на кинескиот град Шенжен, отворен е иновативен парк Шенванг, кој не е само место за да се помине слободно време и за средби со сограѓаните, туку исто така е истакнат пример за урбана екологија, пејзажна архитектура и промоција на здравјето.

park
На површина од 1,16 хектари, архитектонското биро AUBE CONCEPTION има дизајнирано еден вид тампон-зона во град со 12 милиони жители, што промовира социјална интеракција на луѓето на тема виталност и исто така поттикнува интерес за природата кај децата преку инсталации за животната средина.

park4
Благодарение на еколошките и енергетски ефикасните решенија за складирање и третман на вода, Паркот Шенванг се снабдува со вода исклучиво од дождовница. Резервоарот за собирање дождовница е со големина од 283 кубни метри, преку кој може да поминуваат 665 кубни метри вода дневно. Собраната дождовница не се користи само за наводнување на зеленилото, туку и за пополнување на сите инсталации за вода.

park2
Сепак, она што е најинтересно е фактот дека сите овие системи се напојуваат со една ветерница што ја претвора енергијата на ветерот во електрична енергија. Зелената енергија добиена на овој начин е доволна за да се уклучи целото осветлување, но и пумпите во овој парк, вклучително и оние потребни за функционирање на спектакуларната фонтана во центарот на паркот.

park1
Имено, низ целиот парк беше организиран аквадукт, кој доведува дождовница до водопадот, од каде водата паѓа од висина од 10 метри на голема радост на сите деца и возрасни. Водата паѓа на платото, која ја чисти од нечистотија, ја собира и се враќа назад во кружниот систем.
Во центарот на паркотима тревна површина од 3.500 метри квадратни каде граѓаните можат да уживаат во мирот и природата. Паркот Шенванг е испреплетен со бројни патеки, благодарение на што брзо стана омилено место за трчање и џогирање.

park3
На северот на паркот има метро станица со интегриран покриен влез, такси станица, привремен паркинг за автобуси, стојалиште за оние што чекаат зелено светло на пешачкиот премин, како и паркинг за велосипеди. Сите овие мерки им помагаат на пешаците да го користат овој јавен простор полесно и поедноставно.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top