Насловна / Вести / Во Италија ја тужат државата поради климатските промени

Во Италија ја тужат државата поради климатските промени

Италија го доживеа првиот климатски судски спор во својата историја – италијанската држава е тужена поради недостаток на ефективна еколошка политика во борбата против климатските промени.

Според весникот „Il Fatto Quotidiano“,пред Граѓанскиот суд во Рим, тужба поднеле вкупно 203 подносители, меѓу кои 24 здруженија, 17 малолетни лица кои ги застапуваат родителите и 162 возрасни лица.

it1_resize

„После неколку децении јавни ветувања кои не ги исполни, правниот пат е ефикасна алатка за да се изврши притисок врз државата да ги умножи напорите во борбата против климатските промени“, изјавила Marica Di Pieri, портпарол на здружението „Суд“, еден од подносителите на тужбата.

it_resize

Тужителите зад себе имаат тим од адвокати, универзитетски професори и експерти од областа на климатологијата.

Тужбата против неефикасната државна политика на Италија за заштита на животната средина е дел од глобалната акција која веќе се спроведува во 40 држави, а со цел правен притисок врз владите да усвојат и спроведат поефикасна политика за заштита на животната средина.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top