Насловна / Вести / Роденденот на Тесла официјално стана празник во Онтарио

Роденденот на Тесла официјално стана празник во Онтарио

Претставничката на кралицата Елизабета и заменичка на канадскиот гувернер за провинцијата Онтарио, Елизабет Даудсвел, го потпишаа законот за прогласување на 10 јули за Ден на Никола Тесла.

Најзаслужен за овој важен настан е членот на покраинскиот парламент на Онтарио од редовите на Нова демократска партија, Том Ракочевиќ, по чија иницијатива е донесен законот.

Во законот со кој роденденот на Никола Тесла стана празник во Онтарио, стои дека Тесла е „српско-американски пронаоѓач и инженер“.

Законот потсетува дека патентите на Тесла биле основа за изградба на првата хидроцентрала во светот на реката Нијагара, и дека по само 25 години, сите населени места во Јужен Онтарио имале пристап до електрична енергија.

тт_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top