Насловна / Архитектура / Во Хрватска за седум дена се прави корона кабина

Во Хрватска за седум дена се прави корона кабина

Хрватската компанија Tehnix, развила и веќе произведува Мобилна корона кабина за превенција од вирусот и за луѓе со симптоми.

Мобилната кабина е со димензии 3/6.4 метри, опремена со кујна, бања и простор за спиење, систем за греење и вентилација, па така е погодна за подолг престој.

„Кабината првенствено ја развивме поради нашите возачи кои возат во Европа. Тие по доаѓањето го оставаат камионот кој се дезинфицира, а се сместуваат во стерилна корона кабина, каде можат да се одморат и во неа да останат до наредното возење. Тоа е превенција за нив и луѓето околу нив. Кабината е за здрави да ги избегнат болните, но и за болните да не ги заразат здравите“, вели сопственикот на Tehnix, Ѓуро Хорват за Јутарњи лист.

kabina

Во целиот тој процес возачите немаат контакт со други луѓе. Со телефон се наведуваат како да постапат, а дирекцијата добива сигнал кога возачот ќе пристигне во кабината.

„Кабините се наменети за максимум четири луѓе, храната се доставува преку надворешен пулт, без меѓусебни контакти. Кабината е поставена во Луксембург, а служи за одмор на возачите на Tehnix за време на патувањто“.

Од идеја до реализација седум дена

Од идеја до реализација на корона кабината потребна е една недела, Ѓуро Хорват вели дека веќе пристигнуваат нарачки од Хрватска, Европа и светот за кабината, која чини 17.000 евра.

Тој смета дека кабините, освен за превенција, идеални се и за лечење на болните во случај на недостаток на болнички кревети.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top