Насловна / Вести / На Белградскиот саем 3.000 кревети за изолација на заразените со Ковид-19 (фото)

На Белградскиот саем 3.000 кревети за изолација на заразените со Ковид-19 (фото)

Поради раст на бројот на заразени со коронавирус во Србија, Владата одлучи да се формираат импровизирани болници ширум земјата. Во нив ќе се сместуваат голем број пациенти, оние со полесна клиничка слика и на тој начин ќе бидат потполно изолирани од останатото население.

За таа цел помеѓу останататите објекти во Србија, предвидени во повеќе градови за таа намена е и Белградскиот саем.

6

На Белградскиот саем во Халата 1, најголема во рамки на комплексот, повеќе стотини припадници на војската веќе поставија 3.000 болнички кревети.

5

Оние кои се со потешки симптоми се упатуваат на инфективните клиники, но во наредниот период се очекува раст на бројот на заразени и еден од начините во борбата со вирусот е и пренамена на објектите за потребите за изолација на заразените, а со самото тоа и намалување на опасноста од ширење на коронавирусот.

3 10 2 7 9

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top