Насловна / Екологија / Во Германија реформите во тек, но загадувањето во пораст

Во Германија реформите во тек, но загадувањето во пораст

RWE coal power plant Weisweiler
Конзервативната Влада на Ангела Меркел во 2011 година, по катастрофата во Фукушима донесе одлука да го смени курсот во однос на производството на електрична енергија, и со планираните енергетски реформи да го зголеми учеството на обновливи извори. Денес, обновливите извори на енергија обезбедуваат околу 25% од произведената електрична енергија  во Германија, и се планира до 2020 год. тој удел да достигне 35%.

Но, од друга страна пак, денес на  централите на јаглен им одговара екстремно ниската цена на сертификатите на јаглерод диоксид, што произведената електрична енергија од јаглен ја прави конкурентна на пазарот. Затоа, емисиите на јаглерод диоксид се во пораст. На долг рок, мора да се размислува и за супституција на јагленот како гориво. Но, досега на креаторите на политиките во Германија, не им успеа да го менаџираат овој процес. Се верува дека во наредните неколку години ќе има посериозен напредок на овој план, пренесува Deutsche Welle.

Испрати коментар

Scroll To Top