Насловна / Вести / Во Црна Гора започна производството на енергија од ВЕ „Гвозд“

Во Црна Гора започна производството на енергија од ВЕ „Гвозд“

Компанијата Elektroprivreda Crne Gore, соопшти дека е остварена уште една клучна фаза во развојот на проектот ветерна електрана „Гвозд“.  По завршувањето на активностите на пуштање во работа на трафостаницата „Гвозд“, реконструкција на трафостаницата „Крново“, како и изградбата на далеководот „Гвозд – Крново“, во пробна работа е пуштен првиот од вкупно осумте ветерни генератори.

Првиот ветерен генератор со моќност од 7 MW, веќе произведува електрична енергија, а првите произведени KWh успешно се испорачани во електроенергетскиот систем на Црна Гора. Вкупната инсталирана моќност на ВЕ „Гвозд“ изнесува 54,6 MW, додека очекуваното годишно производство е околу 150 GWh, што значително ќе придонесе за стабилноста и зелената транзиција на црногорскиот електроенергетски систем. Проектот е реализиран со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која обезбедила кредит во износ од 82 милиони евра. Планирано е сукцесивно пуштање во работа на преостанатите седум ветерни електрани во краток рок, со што оваа ветерна електрана ќе работи со полн капацитет. Свечената церемонија на официјалното пуштање во работа е планирана за средината на мај.

 

Испрати коментар

Scroll To Top