Насловна / Вести / Во Црна Гора има 58.000 празни станови!

Во Црна Гора има 58.000 празни станови!

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во Црна Гора има 58.000 празни станови, велат податоците на националниот Завод за статистика – Монстат. Градежниците, пак, тврдат дека сите заедно немаат ни 1.000 непродадени станови. Трговците со недвижности, од друга страна, се жалат дека со години ништо не можат да продадат. А, граѓаните се колнат дека порадо би купиле стан во Виена, отколку во Подгорица, бидејќи би бил двојно поевтин.

Податокот од Монстат е добиен во рамките на Пописот на населението во 2011 година. Велат дека ако сега тој податок е променет, во време на криза, повеќе од сигурно е дека бројот на празни станови е поголем, бидејќи градежниците не престануваат да градат и не ги намалуваат цените на становите. Банките ги држат високите камати, а граѓаните се со помали плати или остануваат без работа, пишува подгоричка „Аналитика“.

Испрати коментар

Scroll To Top