Насловна / Арт и дизајн / Во Битола изложба „Патувајќи низ кругот“

Во Битола изложба „Патувајќи низ кругот“

Pokana (1)

„ Патувајќи низ кругот“, самостојната изложба на ликовниот уметник Петра Јовановска, ќе биде отворена утре, во 19 часот, во Галеријата Магаза во Битола. Гости на изложбата, која ќе ја отвори амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан, се Ленка Сарова и Варвара Дивишова од Чешка.

Авторката Јовановска подолг период го истражува кругот, се навраќа на него, се сретнува со него или пак патува низ кругот. Круг како едноставен геометриски облик, кој преставува за авторката голема симболика и функција. Создава чисти геометриски композиции, така ја нагласува улогата на кругот или пак го става кругот во некоја споредна улога. Круг како симбол на бесконечност, целина, нешто што нема почеток ниту крај, симбол на внатрешна слобода.

Петра Јовановска има завршено на Факултетот за ликовна уметност, насока графика во класата на професорот Димче Николов. До сега има реализирано 38 самостојни изложби во Македонија, Чешка, Франција, Србија, Хрватска, Полска, САД, Германија. Има учествувано на голем број групни изложби, добиено неколку награди и земено учество на голем број меѓународни ликовни колонии и симпозими.

Нејзините гостинки од Чешка веќе се познати на македонската ликовна сцена, двете авторки имаат земено учество на неколку ликовни колонии  во Струмица, Охрид и учествувано во патувачката изложба на група уметници од Чешка и Македонија која се реализираше во неколку градови Скопје, Струмица, Демир Капија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Неготино.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top