Насловна / Вести / Во Белград прикажана 4D проекција посветена на Никола Тесла

Во Белград прикажана 4D проекција посветена на Никола Тесла

Tesla vremeplov

Во несекојдневната 4D проекција одржана минатиот викенд во Белград, Тесла „сам раскажува“ за детството, школувањето и своите откритија „од покривот“ на објектот на Кнез Михајлова, додека со слика во боја го следи видео презентација на фасадата од зградата.

Tesla vremeplov1

Првата дигитална претстава во 4D проекција е посветена на одбележувањето на 160 години од раѓањето на Никола Тесла, и прикажана е на фасадата на зградата на Институтот „Сервантес“ во улицата Кнез Михајлова.

Tesla vremeplov2

Овој аудио-визуелен проект, прв од таков вид во регионот беше организиран од страна на Телеком Србија, со цел да се оддаде почит на големиот научник од нашиот регион, но и да им се укаже на младите на важноста електротехниката и телекомуникациите во современиот живот и да се поттикнат на научноистражувачка работа. Во наредниот период овој перформанс ќе биде прикажан во Нови Сад и во Ниш.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top