Насловна / Арт и дизајн / Во Белград отворeно бистро кое дефинитивно треба да се посети

Во Белград отворeно бистро кое дефинитивно треба да се посети

Секоја недела Белград станува побогат со ново „кул“ место, без разлика дали тоа е бар, ресторан или бистро.

Така, неодамна се отвори Bistro Grad Hometown Food во центарот на Белград.београд_01

Се работи за еден убав ентериер, кој е естетски замислен да претставува еден вид на огледало на Белград во контекст на атрактивен простор, а кој е еден вид компилација на различни ентериерски стилови од историјата на Белград.

београд_06 - Copy

Токму со таа цел, сопственикот сакал да го долови духот на Белград како отворен град во кој живее и кој интензивно се менува секој ден, а во сето тоа му помогна архитектонскиот тим од „Студио Колеги“: Андреа Бркиќ, Сања Бериќ, Марко Басаровски кој и го потпишува овој сјаен проект.београд_05 - Copy
Во просторот дефинитивно доминираат ѕидови од тули, разни барски столици, и голем број детали, како што се светлечки тела, оголени ѕидови, стари телефони како ѕидна декорација, дрвен бар, акцентен колорит…београд_04 - Copy

Самиот простор е поделен на два дела, при што оној приземниот дел е во функција на барот, додека оној на катот е зона за вкусни јадења, бидејќи во Bistro Grad Hometown Food може и убаво да се јаде.београд_03 - Copy

Се разбира, во летните месеци неизбежна е и терасата, која се наоѓа во самиот центар на белградските настани.београд_02 - Copy београд_09 - Copy београд_08 - Copy београд_07 - Copy

Испрати коментар

Scroll To Top