Насловна / Вести / Во Австралија повторно се буди живот во природата

Во Австралија повторно се буди живот во природата

Пожарите продолжуваат да ја окупираат територијата на Австралија, но во некои претходно уништени области, се појави нов живот со надеж дека природата секогаш ќе најде начин да преживее.

Нови израснувања на вегетацијата се појавија на плажата Перегиан во Квинсленд, во областа околу Кулнура во Нов Јужен Велс во Националниот парк Дураг.

avstralija1

“Ова се знаци на живот што го баравме. Сведоци сме за повторното раѓање на шумата по која е позната Австралија“, изјави еден од фотографите за „Метро “.

Австралиската противпожарна бригада успеа да го спаси единственото познато природно живеалиште на боровите во паркот Wollemi.

Националниот парк Wollemi се наоѓа во Нов Јужен Велс и ги содржи единствените познати диви примероци на бор (Wollemia nobilis), вид за кој се смета дека исчезнал пред околу триесет милиони години, но бил откриен во 1994 година во областа.

avstralija2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top