Насловна / Вести / Зошто Швеѓаните ги избегнуваат авионските летови

Зошто Швеѓаните ги избегнуваат авионските летови

Падот на бројот на патници на аеродромите во Шведска, кој изнесува 4% е реткост во Европa. Над 40 милиони луѓе минатата година пропатувале низ 10-те шведски аеродроми, а во 2018 година тој број бил 42 милиони. Падот на бројот на патници на домашните линии е  9%. Овие трендови се резултат на кампањата во Шведска за „засрамување на корисниците на авиони„. Претставникот на компанијата  „Swedavia“, вели дека постојат низа причини, наведувајќи ги данокот за авио сообраќајот, состојбата во економијата, слабеењето на националната валута, но секако и загриженоста за климата. Движењето Flygskam (срам поради летање) настана во Шведска во 2017 година, кога шведскиот пејач Лингберг вети дека веќе никогаш нема да патува со авион. Шведската активистка за клима Грета Тунберг даде личен пример, кога минатат година го мина Атлантикот со едрилица со нула емисии.

sweden1

Sweden3

Испрати коментар

Scroll To Top