Насловна / Вести / Во август 155 одобренија за градење

Во август 155 одобренија за градење

Gradezni rabotnici
Во август годинава се издадени 155 одобренија за градење, што е за 10,7 проценти повеќе во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите, според издадените дозволи, изнесува 904.534.000  денари што е за 54,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Најмногу одобренија, 44, во август се издадени во Скопскиот регион,  каде општина Центар издала 15, Карпош и Петровец по 8, Чучер Сандево 6…. По Скопскиот следат Полошкиот регион со 33, Источниот со 23, Југоисточниот со 16, Пелагонискиот со 14, Североисточниот со 9 одобренија за градење.

Од вкупниот број издадени одобренија, 100 (64,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба,  11 (7,1 процент) за нискоградба и 44 (28,4 проценти) за објекти за реконструкција.  Кај 114 објекти (73,5 проценти) инвеститори се физички лица, на 41 објект (26,5 проценти)  деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 165 станови, со вкупна корисна површина од 15.327 метри квадратни.

 

Испрати коментар

Scroll To Top