Насловна / Архитектура / Виртуелна реалност во градежништвото и архитектурата

Виртуелна реалност во градежништвото и архитектурата

HoloLens Castle Microsoft

Денес, некои од најпознатите светски мостови може да бидат прегледани од страна на стручњаците за сигурност, и тоа на растојание од илјадници километри, со помош на уредот на Microsoft, за виртуелна реалност „HoloLens“. Инженерите од Универзитетот во Кембриџ започнаа со испитувања за да откријат дали градежните инспектори можат да се потпрат на „HoloLens“, за воочување на потенцијално опасни пукнатини на мостовите без физичко присуство на локацијата.

Според Microsoft, работниците што се наоѓаат на локацијата ја сликаат критичната конструкција со помош на дигитална камера (DSLR), по што сликите се испраќаат на „cloud“.  Тогаш, стручњаците за сигурност можат да ги видат овие фотографии кои се меѓусебно споени, и можат да се зумираат или оддалечуваат од мостот, да се ротираат и сл., со помош на „HoloLens“. Користењето на оваа технологија секако е поевтино од испраќање на инспекторот на самото место. Научниците од Универзитетот, исто така велат дека може да се користи во градежништвото за следење на работите во текот на изведбата на одредени објекти.

Универзитетот од Кембриџ, Microsoft и компанијата Trimble низ заедничка соработка развиваат т.н. „Mixed Reality Program“, а „HoloLens“ е дел од таа програма. Карактеристично за виртуелната реалност е дека корисниците се во целосно изолиран компјутерски генериран свет. Но, „HoloLens“ овозможува креирање на 3D дигитален модел во физичкиот простор, така што инженерот ќе може да го набљудува, заобиколува и да изврши целосна инспекција. „HoloLens“ е веќе лансиран во Британија на 12 октомври 2016, а досега го има користено само NASA, и ThyssenKrupp Elevator.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top