Насловна / Архитектура / Вила во Дубровник која ве остава без здив

Вила во Дубровник која ве остава без здив

вила во дубровник_01_resize
На атрактивна локација во Дубровник сместена е впечатлива и современа вила V2, за чија реализација е заслужно познатото и наградувано хрватско архитектонско студио 3LHD.

Како парцелата се наоѓа во близина на морето, станарите на вилата, која се протега на 399 квадратни метри, имаат можност да уживаат во импреснивиот поглед, кој архитектите го искористиле на најдобар можен начин, со тоа што фронтално поставиле големи стаклени ѕидови.

вила во дубровник_04_resize вила во дубровник_03_resize вила во дубровник_02_resize вила во дубровник_06_resize
Според архитектите од тимот на 3LHD, основниот концепт при формирањето на животниот амбиент бил да се создаде куќа која во исто време е отворена кон природата, но исто така и доволно заштитена од климатските влијанија.
Заради наклонот на теренот, куќата се развива на повеќе нивоа – влезот се наоѓа на најгорниот кат, паркингот се наоѓа кај уличниот дел, а останатите содржани се организирани како меѓукатови. Тоа се три спални соби со купатила, спална соба на родителите со гардероба и бања, скалила, пространа дневна соба, трпезарија, кујна, комерцијален простор, складиште и тоалет, ТВ соба со проекциско платно и простор за детски игри. Дневната соба и трпезаријата имаат директна врска со надворешниот свет – делумно покриена тераса со надворешен базен.

вила во дубровник_16_resize вила во дубровник_14_resize вила во дубровник_13_resize вила во дубровник_11_resize вила во дубровник_10_resize вила во дубровник_05_resize

Околината исто така, е изведенa на неколку нивоа-тераси што се поврзани со скали и се спуштаат надолу кон морето.
Фасадата и покривот се направени од бели камени плочи, додека големите стаклени ѕидови кои се делумно вовлечени во волуменот на објектот ја отвораат куќата кон морето, и истовремено обезбедуваат пријатна сенка во внатрешноста. Терасите се поплочени со камен или даски, а сите слободни површини се засадени со автохтони растителни видови и реализирани во материјали приспособени на климата и локацијата.

вила во дубровник_12_resize вила во дубровник_07_resizeвила во дубровник_09_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top