Насловна / Архитектура / Вила Ротердам II

Вила Ротердам II

Вила Ротердам II (10)
Дизанјирана од архитектонското студио Ooze, вилата Ротердам примарно функционирала како најобична резиденција, на која и било неопходно реновирање на кујнскиот дел. По контактот со нејзините сопственици, архитектите издејствувале за целосна трансформација на домот, претворајќи го проектот од традиционална во несекојдневно атрактивна архитектонска игра на линии и правци.
Вила Ротердам II (5) Вила Ротердам II (6) Вила Ротердам II (7) Вила Ротердам II (4)
Така, на старата структура и е „облечена“ нова обвивка, изведена од префабрикувани дрвени триаголници, чии димензии варираат креирајќи различни елементи кои го обликуваат новиот архитектонски израз.
Вила Ротердам II (2) Вила Ротердам II (3) Вила Ротердам II (9) Вила Ротердам II (8)
Со примена на дрвени префабрикувани панели при дефинирањето на кровната покривка, ѕидовите и подот, архитектонската интервенција резултирала со  лесна структура која архитектите ја опишуваат како претходник во етаблирањето на нова култура на справување со веќе постоечки структури.
Вила Ротердам II (1)

Испрати коментар

Scroll To Top