Насловна / Архитектура / Вила Маиреа од Алвар Алто: Спој на утопија и традиција

Вила Маиреа од Алвар Алто: Спој на утопија и традиција

Финскиот архитект Алвар Алто се издвојува како еден од водечките модернисти со силен персонален стил кој ги спојува историското и модерното. Неговите први објекти во архитектонска смисла влегуваат во доменот на нордискиот класицизам, но набрзо го напушта тој правец и се фокусира на функционализмот, или скандинавски модернизам. Но сепак, и покрај своите модернистички видици, Алто својата инспирација ја влечел од финската историја и финската природа.Perspektiva 1

Изведениот проект на Вила Маиреа е збир на повеќе проекти кои се засноваат на неколку концепти во архитектонското проектирање: надворешен дел – двор, кој се граничи со природната борова шума, здружени повеќе поврзани резиденцијални простори, социјални и приватни аспекти на објектот и интегрирање на уметничката изложба со просториите за секојдневно живеење.Detal fasada (2)

Основната работа веќе била започната врз основа на некои претходни дизајни кои датираат од 1938 година, кога Алто незадоволен од дизајните одеднаш ги променил, и ги убедил клиентите Хари и Маире Гилушсен да го прифатат новиот дизајн и покрај веќе започнатите градежни работи. Со новите дизајни, Алто конечно ги задоволил своите аспирации за артикулација на повеќенаменска употреба на просториите за живеење и интеграција на уметничката изложба во секојдневната рутина на клиентите. Додека претходните проекти обезбедувале посебна соба за секоја намена, финалниот дизајн на вила Маиреа е базиран на концепт на континуирани 250 метри квадратни простор за живеење, во кој се сместени сите основни функции на куќа. Со отворениот простор на луксузната вила, Алто се навраќа на идејата за повеќенаменски и флексибилни простории на финската селска куќа. Но во исто време успева да создаде шема каде ќе може да ги реализира сите свои варијации и импровизации.Bazen zaden dvor Bazen

Од самиот почеток, и од архитектот и од клиентот, куќата била перцепирана како експеримент за реализирање на идеи кои можат да се применат и во масовно производство на типски куќи, нешто што многу архитекти го истражувале во периодот меѓу двете светски војни. Алто добил одврзани раце во однос на неговите концепти и дизајни, но исто така за овој објект немал никакви лимити во буџетот. Вакви услови тешко се добивале тогаш, исто како што тешко се добиваат во денешно време.Enterier 4 Detal Skali Detal stolbovi

При првиот поглед на куќата забележувате бела кутија во шумата, но слоевитоста на различните елементи видени одблизу го променува едноставното читање. И едноставното завртување зад аголот некогаш открива уште нешта кои се случуваат, сите движејќи се во ист контекст. Дрвениот простор во дневната соба, всушност, има база од темен камен, а на врвот е пергола за тераса во функција на спална соба. Во темниот, закривен дрвен ѕид на горниот кат е сместено студиото на Маире, волумен кој, исто така, се изразува посебно на задната фасада.Detal Fasada Detal krov 2 Enterier 1 Enterier 2

Дневната соба има големи прозорци со дрвени рамки и облоги над камената основа; челичните прачки ги прицврстуваат ролетните за заштита на стаклото.  Заоблените прозорци кои чинат мал залив им служат на детските спални. Дрвената декорација е дел од Алтовата метафора за шумата, за која вертикалите на дрвјата се отсликани во столбови и други површини, внатре и надвор.

Дизајнот на задната страна на куќата е уште порелаксиран отколку на предната страна, со многу помалку случувања. Претежно бели и цврсти површини се поткрепа на големи стаклени површини кои им служат на дневниот простор и трпезаријата, како и на студиото на Маире од темно дрво што го видовме од предната страна.

Enterier 3 Perspektiva 1 Fasada 1

Во ентериерот, шумската метафора е уште поизразена, особено со столбовите и неструктурните вертикали кои не само што личат на дрвја, туку се групирани на начин што дефинираат простори и влијаат врз перцепцијата кога се движите низ инаку отворени простори. Затоа просторот е исткајан од линии и површини, наместо да претставува градба од вообичаени столбови и греди како во другите модерни дизајни. Ова произлегува од Алтовото метафорично испреплетување на старото и новото, и неговата неформална манипулација на столбови и други архитектонски елементи.
Еден добар начин на опишување на куќата е како серија на „епизоди“. Иако голем број простори (особено на приземје) се континуирани, се среќаваат посебни материјали, текстури, конструкции, отвори и други детали кои не се повторуваат, но кои се вклопуваат заедно на едно подлабоко ниво. Вградување на народни елементи во рамките на модерна куќа е еден начин на зајакнување на кохезијата на минатото и иднината.Vlezen del Zaden Dvor 2

Уште неколку непознати детали се рачката и стакленото прозорче во главната влезна врата, и она што техничарите го нарекле „ушите на Алто“ – издлабен отвор на каминот во дневната соба. Овие два детали го илустрираат влијанието на уметноста, но и способноста на Алто да состави различни површини и детали (многу од нив како самостојни појави) во кохезивен дизајн, кој сè уште го покажува патот како архитектурата да биде модерна, без да биде идеолошки пропишана.Preden del fasada

Испрати коментар

Scroll To Top