Насловна / Вести / Викендов градежни активности на „Гологанов“ – времен режим на сообраќај

Викендов градежни активности на „Гологанов“ – времен режим на сообраќај

gologanov vremen rezim

Во сабота и недела ќе се изведуваат градежни активности на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, информираат од Град Скопје.

Градежните активности- попречни прекопи за поставување на подземна инсталација, ќе се извршуваат во период од 7 до 17 часот, на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“.

Сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставениот режим.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

Испрати коментар

Scroll To Top