Насловна / Вести / Виена: Поставен заеднички фотоволтаичен покрив на станбена повеќекатница

Виена: Поставен заеднички фотоволтаичен покрив на станбена повеќекатница

Виенската компанија за снабдување со електрична енергија Wien Energie, го постави првиот соларен систем на покривот на станбена зграда во сопственост на Здружението за станбени прашања на вработените во приватниот сектор. Поставувањето на соларниот систем на покривот од зградата ќе обезбеди снабдување со енергија за 38 домаќинства. Фотоволтаиците се поставени на површина од 400 квадратни метри, и годишно ќе произведува околу 60.000kWh електрична енергија. Дел од енергијата веднаш ќе се троши во самиот објект, а вишокот ќе се испорачува во мрежата. При вообичаен режим на потрошувачка, секое домаќинство би можело да покрива 30% од своите потреби со енергијата произведена на сопствениот покрив. Поставувањето на фотоволтаиците, не предизвикува дополнителни трошоци за станарите. Електричната енергија произведена преку овој систем, ќе се плаќа според одредена тарифа, но секако ќе биде поповолна во однос на други облици на енергија.

Со реализацијата на таков проект, досега се доцнеше поради правни ограничувања. Имено, според старите регулативи, произведената електрична  енергија во станбените згради, можела да се користи само за заедничките простории во објектот, односно лифт, скали и ходници. Новите законски одредби, сега овозможуваат користење на оваа енергија и во становите.

Wien Energie, е најголемиот австриски оператор кој управува со фотоволтаични централи и ги има вкупно 120. Во идните пет години планира да вложи 100 милиони евра во развој на вакви постројки.

solar1

solar2

solar3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top