Насловна / Вести / Виена го добива првиот „суперблок“

Виена го добива првиот „суперблок“

Виена наскоро ќе го започне пилот-проектот за создавање на т.н „суперблок“. Станува збор за дел од градот во кој има повеќе зеленило и простор за граѓаните, а помалку сообраќај. Проектот ќе опфати повеќе станбени блокови на подрачјето на улиците Gudrunstraße, Leebgasse, Quellenstraße и Neilreichgasse во 10-тиот градски округ Favoriten.

superblock1

Се очекува дека со овој проект ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните и ќе се придонесе за борбата против климатските промени, преку разни мерки за озеленување и раzладување на градот.

superblock2

Концептот на „суперблок“ веќе е развиен во Барселона, каде во повеќе градски блокови е редуциран сообраќајот, а просторот е ослободен на велосипедисти и пешаци. Сличен коцепт се развива и во Берлин. Сега тој концепт кој се темели на трендовите и моделите на урбаниот развој, и става акцент на општествената кохезија и учеството на граѓаните ќе биде реализиран и во Виена. Не случајно е избран 10-тиот округ, бидејќи има густа населеност и претставува едно од најтоплите урбани острови во градот. Есенва ќе се одржат првите информативни настани во склоп на кои ќе биде претставен проектот. Притоа, граѓаните и локалните организации ќе можат да го кажат своето мислење и директно да учествуваат во обликувањето на проектот. Тест фазата ќе започне на лето 2022 година.

superblock3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top