Насловна / Вести / „Везе Шари“ произведува биометан од органскиот отпад од храна

„Везе Шари“ произведува биометан од органскиот отпад од храна

Во рамките на меѓународниот проект Bin2Grid – „Претворање на неискористениот отпад од храна во биометан и негово доставување до локалните бензински станици“, претставници на работните екипи од проектот беа во посета на компанијата „Везе Шари“ и нејзините индустриски капацитети, каде што оваа фабрика го користи органскиот отпад од храна за производство на биометан и енергија.bin2grid-logo

Компанијата „Везе Шари“ во 2013 година ја изгради првата електроцентрала за биогас во Република Македонија „Електро Шари“. Оваа централа произведува електрична енергија од кокошкино ѓубриво, има моќност од 999 киловати и произведува околу осум милиони киловат часови годишно.

Bin2Grid – „Претворање на неискористениот отпад од храна во биометан и негово доставување до локалните бензински станици“ е проект поддржан од Европската програма Хоризон 2020, каде како партнери во проектот од Република Македонија се јавуваат Град Скопје и ЈСП-Скопје.

Главната цел на проектот е промовирање на селектирање на собраниот отпад од храна од специфични и различни производители на овој вид отпад (индустријата за храна и пијалак, угостителството, граѓаните), со цел да се произведува биогориво (biomethane) и истото да се користи преку локалните бензински пумпи. Очекувани резултати на проектот Bin2Grid е да се зголеми производството на обновлива енергија, преку одржливо управување со отпадот од храна.

Целта на проектот е да се комбинираат и пренесат искуствата на инволвираните страни и да се испита потенцијалот на отпадот од храна и пијалаци како обновливи извори на енергија во земји кои практикуваат различен начин на третман на отпадот: одделно собирање или депонирање на отпадот од храна. Преку реализација на предвидените активности ќе се креира план и препораки за користење на овој енергенс како обновливлив извор на енергија, кој во општините во голема мера е неискористен. Имплементацијата на предложените модели се очекува да го зголеми производството на биогас од анаеробна дигестија на отпадоци од храна. Со зголемување на употребата на биогорива ќе се влијае врз намалување на емисиите на CO2, имајќи ја предвид моменталната потрошувачка на фосилно гориво.

Преку проектот, исто така, ќе се промовираат технологии и практики за управување со отпад од храна, ќе се поддржат производителите на биогас/biomethane преку подигање на свеста и доверба во користењето на овој енергенс, како и ќе се сврти вниманието кон овој енергенс како сигурен извор на енергија.

Во рамките на овој проект досега се реализирани поголем број активности, во вид на размени на искуства и одржување на голем број конфернеции и обуки. Ваква обука беше организирана и во Скопје во септември годинава, која беше наменета за индустријата за храна и пијалаци, на тема „Претворање на неискористен отпад од храна во биометан обезбеден преку локална мрежа на пумпни станици“.

Испрати коментар

Scroll To Top