Насловна / Архитектура / Вертикална градина со најгусто зеленило во светот

Вертикална градина со најгусто зеленило во светот

Висококатница наречена „Урбана шума“ ќе биде најгусто засадената вертикална градина во светот. Градината ќе ги надмине стандардните норми на зелените згради и ќе покрие огромна површина со зеленило, така што ќе изгледа како една голема грмушка. „Урбана шума“ се наоѓа во Бризбејн, Австралија и ќе вклучува 259 растителни видови специфични растенија за оваа клима, односно илјада дрвја и повеќе од 20 илјади растенија. Оваа зграда е висока 30 метри и е дизајнирана од фирмата Koichi Takada Architects.

gradina

Проектот „Урбана шума“ е дел од новото глобално движење кое се залага за изградба на вертикални градини и зазеленување на облакодерите. Целта на ваквите проекти е враќање на зеленилото, биодиверзитетот, кислородот и менталното здравје во урбаните области кои се карактеризираат со пренатрупаност. Планот е оваа повеќекатна зграда да вклучува пет пати повеќе дрва отколку во близина на паркот Мусгрејв.

gradina2

Зградата ќе биде подигната и ќе стои на скулпторски столбови кои личат на стебла на дрвјата. Платото во приземјето на кулата е дизајнирано како корисен, удобен и „пријателски“ јавен парк кој ќе зафаќа површина од 1.642 квадратни метри. Во рамките на зградата ќе има 382 станови, двоспратна кровна градина со придружни објекти, како и отворен јавен парк на приземјето. Според моментално достапните алатки за уредување и другите прописи, овој проект е најзелен што може да се направи, судејќи според Koichi Takada.

gradina1

Целта е да стане најзелената станбена зграда во светот, насочена кон шест ѕвезди на Green Star, што е еквивалентно на сертификатот LEED Platinum, и со тоа да стане репер за одржливи станбени згради со висок пораст во суптропските области. Овие типови згради се дефинираат како органски, скулпторски и со скалести фасади покриени со зеленило што обезбедува физичка и визуелна изолација од сонце, ветер и дожд, додека покривните градини и другата вегетација исто така обезбедуваат природна топлинска и соларна изолација.

gradina3

„Урбана шума“ ќе се карактеризира со одржлива градба и покрај горенаведеното, ќе вклучува и соларни панели, системи за собирање и наводнување со дождовница, елиминирање на употребата на јаглерод и употреба на одржливи и високо квалитетни материјали со мало одржување.

Koichi Takada вели дека човештвото треба да се сврти кон природата и „живата“ архитектура. Тој исто така додава дека во еден период од историјата, фокусот бил ставен на масовното производство, додека сега е на ред масовното уредување. Со зголемување на биодиверзитетот и намалување на еколошкиот отпечаток, зградата нагласува друга фаза во еволуцијата на архитектонската вертикална градина.

gradina4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top