Насловна / Вести / Велика Британија ќе ги затвори сите термоцентрали на јаглен

Велика Британија ќе ги затвори сите термоцентрали на јаглен

Coal-station-pic

Министерот за енергетика на Велика Британија Amber Rudd, неделава ќе објави запирање на работењето на сите британски термоцентрали на јаглен, давајќи им максимален рок од 10 години. Две недели пред парискиот климатски самит, госпоѓа Rudd ќе ја постави 2025 година како година за прекин на работењето на сите електрани од овој вид бидејќи смета дека „една напредна економија како британската не смее да продолжи да се потпира на термоцентралите на јаглен стари и по 50 години. Тое не е иднината“.Amber-rudd

Според законите на ЕУ за квалитетот на воздухот, овие електрани треба да се затворат до 2023 година, освен ако не се вградат системи кои значително ги намалуваат емисиите, но властите сугерираат дека и обновените термоцентрали на јаглен би требало да згаснат до 2023.

Во изминатиот период министерката ги намали субвенциите за обновливите извори со цел да ги намали сметките за електрична енергија за домаќинствата. Но, во исто време разликата помеѓу производството и потрошувачката на енергија во зимските месеци е најмала во последните 10 години. Британија има намера да ја поттикне изградбата на термоцентрали на гас, сметајќи ги за клучни капацитети во енергетската иднина. Еден од начините за поттикнување на овој концепт е промена на правилата за државни аукции на капацитетите, механизам кој им дава субвенции на компаниите да чуваат резерва во системот. Досега, одобрена е само една електрана на гас.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top