Насловна / Вести / Велес со нов модерен трговски центар

Велес со нов модерен трговски центар

Rekonstrukcija na veleska Na-Ma

  Започна реконструкцијата на некогашната стоковна куќа НА-МА во центарот на Велес, која е предвидено да прерасне во трговски центар со површина од 4.077 метри квадратни, за што ќе бидат вложени околу 600 илјади евра за интервенција во надворешниот изглед и за целосно преуредување на ентериерот. Инвеститорот „Центро Вемол“ од Велес планира во објектот да има супермаркет, продавници на познати трговски ланци, ресторан, експозитури на банки, игротека за деца и панорамски лифт. Во моментов се водат преговори со домашни и странски компании околу тоа кои брендови ќе се најдат во понудата на трговскиот центар.

  Според предвидената динамика, најпрво ќе се интервенира во внатрешноста на објектот и во делот на постоечкиот маркет. Изведувач на градежните работи ќе биде компанијата „Делта Пром“ од Велес. Стоковната куќа НА-МА беше продадена во текот на ноември 2012 година.

– Целта ни е да го вратиме сјајот на центарот на Велес. Објектот ќе го реконструираме со тоа што ќе добие нов лик, а внатрешноста ќе ја приспособиме за потребите на повеќе трговски ланци, супермаркети, производители на храна и на бела техника.  Ќе обезбедиме простор за потребите на банките, како и простор во кој ќе има “lounge bar” и игротека за деца, – изјави директорот Томе Бабунски.

Rekonstrukcija na veleska Na-Ma_1Rekonstrukcija na veleska Na-Ma_2

Испрати коментар

Scroll To Top