Насловна / Вести / Велес ќе ги определува границите на ерозивните и подрачјата загрозени од ерозија

Велес ќе ги определува границите на ерозивните и подрачјата загрозени од ерозија

Erozivno zemjiste

Општина Велес ќе ги определува  границите на ерозивните подрачја и подрачјата загрозени од ерозија на територијата на општината.

Како што појасни Александар Колев, претседател на Советот на Општина Велес на чија последна седница беше усвоена оваа одлука, за таа цел биле изведени теренски активности односно увид и проспекција на најзагрозените локации во  Велес, при што биле собрани одреден број податоци за состојбата и интензитетот на ерозионите процеси и појави.

– Со тоа беше извршен увид на актуелната состојба кај овие критични точки од аспект на инжинерскогеолошка стабилност на теренот и нивно понатамошно развивање, односно утврдување на можните мерки за санација кај истите,потенцира Колев.

Колев појасни дека врз основа на потпишаниот договор помеѓу Градежен Институт МАКЕДОНИЈА А.Д. – Скопје и Општина Велес потребно е да се изработи елаборат за утврдување на границите на ерозивните подрачја и подрачјата загрозени од ерозија на територијата на општината Велес.

Испрати коментар

Scroll To Top