Во своето интервју во емисијата Nightline на телевизиската куќа ABC News, Стив Џобс зборувал за тоа што ќе значат компјутерите за човештвото во периодот што следува.
„Ова е велосипед на 21-виот век, бидејќи ја зајакнува интелектуалната способност на човекот. Со еден од овие уреди, човекот ќе се ослободи од многу маки и ќе си овозможи да работи во областа во која е најдобар, односно на концептуално, креативно ниво“, истакнал Џобс. Водителот прашал дали е опасно државните иституции користејќи ги компјутерите да ги имаат исте податоци за граѓаните? На ова Џобс возвратиле дека најдобрата заштита на приватноста е компјутерската писменост. Уште тогаш тој прогнозирал дека секое американско домаќинство ќе има компјутер.
Од денешна перспектива многумина сметаат дека Џобс згрешил во проценката за заштитата на приватноста. Иако мнозинството граѓани се компјутерски писмени, сепак се изложени на загрозување на приватноста преку технолошките уреди.