Насловна / Арт и дизајн / Утре во МСУ изложба на фотографии од Милчо Манчевски

Утре во МСУ изложба на фотографии од Милчо Манчевски

Утре во 20 часот во Музејот на современата уметност Скопје ќе се отвори изложба на фотографии „Таму“ од Милчо Манчевски, а ќе биде промовирана и книга фотографии под ист наслов, на издавачката куќа „Антолог“.

1_resize

Во книгата и изложбата избрани се 88 колор фотографии, создавани во период од десет години на улиците на Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас.

„Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Манчевски, „Улица“ и „Пет капки сон“.

2_resize

Кураторка на изложбата Бојана Јанева-Шемова вели: „Уникатноста на уметничката фотографија на Манчевски е во визуелниот јазик, кој допира до секого поради универзалните емоции кои зрачат од интеракцијата на ликовите, поставеноста на елементите кои ја градат композицијата и колоритот кој напати остава без здив. Визуелната моќност е присутна во сите негови дела, сугерирана пред сѐ од композициската структура до совршеност донесена во некои дела преку прочистена и смирена симетрија, во некои тенденциозно прекршена со цел да пренесе поинакво чувство. Колку и да се на прв поглед непретенциозни секвенците од ’Таму’, при задлабочување полека откриваат слоеви на обмислена идеја, длабоки чувства и силни бои на животот во целост“.

4_resize

Со „Таму“, Манчевски го промовира новиот хештаг #никропнифотошоп (#nocropnophotoshop) со кој посочува дека неговите фотографски дела, не се ниту кропирани, ниту манипулирани во пост-продукција. Тие се моменти на уличното секојдневие естетизирани во мигот на улов.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Р. С. Македонија како дел од Годишната програма за 2020. Изложбата ќе биде отворена до 1. ноември 2020.

5_resize 3_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top